Претрес во Куманово, пронајдени амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени во Куманово во текот на вчерашниот ден, откаок при претрес полицијата ги затекнала при купопродажба на наркотици, а притоа биле запленети амфетамин, марихуана, оружје и пари.

Loading...

– Вчера (15.05.2022) во 08.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Т. и С.Р. од Куманово. При претрес извршен со судска наредба во домот на С.Т. биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, пиштол „Екол“ без дозвола, како и поголем износ на пари во различни валути, а на лице место е затекнат С.Р. при купопродажба на амфетамин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски