Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишен кумановц бил приведен вчера во Куманово, откако во неговиот дом полицијата пронашла дрога.

Loading...

– На 23.10.2021 во 09.30 часот на ул.„Стево Филиповиќ“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Г.(19) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, семки и делови од стебла од растението канабис, саксија со растението канабис.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски