Претпразнично очекувајте локални врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите на УХМР, до вторник ќе се задржи стабилно и суво време, а по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност особено претпладне.

Извесна промена на времето се очекува од среда кога ќе биде постудено и ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег.

Денес времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 15 степени