Претпладне сонце, попладне грмежи и дожд

Сподели со своите пријатели

Денес претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град.Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, додека максималните дневни од 28 до 36 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време во претпладневните часови, но попладне ќе настапи заоблачување кое ќе донесе силни електрични празнења и грмежи, како и обилен дожд, што ќе биде и причината од максималните 32, во текот на ноќта температурата да се спушти на 18 степени целзиусови.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи, особено во првата половина од денот во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2 степена.

Од среда ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на температурата. Дневната температура ќе се движи од 24 до 32.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...