Претпладне облачно со услови за дожд, а попладне сонце

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на денешнито ден ќе биде променливо облачно со локален дожд претпладне, а попладне потопло и со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 14 до 20 степени целзиусови.

Промеливо облачно време и краткоткрајни врнежи од дожд ќе имаме и во Куманово. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а максималната денвна температура достигну ва 16 степени.

Утре претпладне се уште ќе има услови за слаб локален дожд во западните и северните делови од земјава. Од недела до среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата.