Претежно сончево време со услови за дожд во вечерните часови

Сподели со своите пријатели

Претежно ведро време очекуваме и во вторник, со таа разлика што попладне ќе има умерен развој на облачнoст која приквечер има шанса да резултира со локален дожд во југоисточниот регион. Ветерот значително ќе ослабне, но ќе го задржи генерално северниот правец, пишува порталот за временска прогноза МетеоПро.

Температрата долж повардарскиот регион ќе има вредности во границите помеѓу 33°С и 37°С а низ остатантите краишта помеѓу 30°С и 33°С. УВ индекс: 8

Во Куманово и околината времето денеска ќе биде сончево со температура до 30 степени, но ќе дува умерен северен, односно северозападен ветер.

 

Loading...