Претежно облачно со температури до 20 степени

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта и утринава беше претежно облачно, по котлините е тивко. Слаби локални врнежи од дожд има во источните делови. На планините и на повисоките места дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со слаби локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови на земјава.

Ќе дува слаб до умерен, ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Leave a Reply