Претепале соселанин во Лопате поради извадени бетонски столбови од нива

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Џ.(46) и Ф.С. (47) двајцата од селото Лопате, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство” информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 26.08.2017 година околу 17,00 часот С.С.(42), откако ги извадил бетонските столбови во нива, на местото викано ,,Шалмакиште” во село Лопате, дошол Ф.С. заедно со неговите двајца синови кои започнале вербално да се расправаат, со С.С. Во тој момент дошол Н.Џ. и физички го нападнал С.С. кој од ударите паднал на земја.

Откако, на местото пристигнал С.С. таткото на Ф.С. истите престанале со нападот и С.С. побегнал од местото на настанот.