Претепале кумановец, откако упорно го следеле со возилото

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15,30 часот, И.А од Куманово пријавил дека додека управувал патничко моторно возило “Даеву Матиз“ со кумановски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н. К. од Куманово, истите биле следени од патничко моторно возило темно сина боја, со непознати негистарски ознаки, кое возело агресивно позади нив и цело време свирело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На крстосницата од улиците „Железничка“ и „Индустриска“, И.А. го запрел своето возило и излегол од него, по што бил физички нападнат од страна на две непознати лица кои излегле од другото возило.

СВР-Куманово презема мерки за расчистување на настанот.

Leave a Reply