Пресуши реката Пчиња (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Реката Пчиња скоро воопшто нема вода. Долгиот период на суво време, со недостаток на врнежи го намали значително водостојот на реката која минува во кумановско, што најголема закана носи пред се врз рибниот фонд.

Loading...

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Пчиња во на мерната станица селото Пелинце, на 29ти август изнесувала 18 сантиметри, што е далеку под просекот на овој месец, ако се спореди со истиот период лани кога изнесувал 38 сантиметри.

Сепак, фотографиите направени во селото Стрезовце покажуваат навистина загрижувачка состојба. Реката Пчиња скоро воопшто нема вода. На оние места каде останало малку повеќе, таа едвај тече, па рибите се ограничени да се движат во неа, што сепак го загрозува нивниот опстанок.

Според синоптичарите врнежи се очекуваат дури кон крајот на оваа работна недела.

Leave a Reply