Пресуда за „Диво Насеље“ на 17 октомври

Сподели со своите пријатели

На 17 октомври ќе биде соопштена пресудата за настаните во кумановското Диво Насеље во мај 2015 година.

На денешното последно судско рочиште обвинетите и нивните адвокати ги изнесуваа завршните зборови. Скопскиот кривичен суд треба да одлучи за висината на казната на 37-мина обвинети за тероризам и за терористичка организација.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди бидејќи според нив има недостиг на докази за стореното кривично дело.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановското Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Извор: МИА

Loading...