Пресечен меѓународенканал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 14 килограми хашиш се запленети од страна на полицијата при што е пресечен меѓународен канал за транспорт преку Македонија, Бугарија и Албанија кон Турција како крајна дестинација.

Loading...

 

 

– На 07.03.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Северна Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

 

 

Loading...

„По претходно преземени мерки,  во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РСМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава.МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Завчера беа запленети над половина тон марихуана,а акциите продолжуваат и во наредениот период“, рече Ангеловски.

 

Leave a Reply