Премиерот на Шпанија Педро Санчез пристигна во Киев

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска пристигна во Киев каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз оваа земја, соопшти неговиот кабинет, пренесува Ројтерс.

Loading...

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес во средата им објави на пратениците во Долниот дом дека Мадрид ќе и достави на Украина шест главни борбени тенкови 2А4 Леопард од германско производство, откако ќе бидат ремонтирани, а испораката се очекува на крајот на март или почетокот на април.

Санчез дојде во Украина откако американскиот претседател Џозеф Бајден вети нова воена помош од 500 милиони долари за Киев за време на ненадејната посета и средбата со Зеленски во понеделникот, според Ројтерс.

Во вторникот, италијанската премиерка Џорџа Мелони го посети украинскиот главен град на средба со Зеленски, кому му вети дека ќе продолжи да дава поддршка во отпорот на руските напади.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.