Премиерот на Јапонија: Руската инвазија е срам!

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на неговата посета на Киев рече дека руската инвазија е „срам што ги поткопува темелите на меѓународниот правен поредок“ и вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина додека не се врати мирот „во прекрасната украинска земја“.

Loading...

Кишида вчера дојде во ненадејна посета на Киев во времето кога кинескиот претседател Си Џинпинг беше во официјална посета на Москва, обидувајќи се да го промовира предлогот на Пекинг за прекин на конфликтот во Украина.

По средбата со Кишида, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави за новинарите дека неговиот тим ѝ предложил на Кина своја формула за постигнување мир, но не добил одговор, иако, како што додаде, „имало одредени сигнали, но не и конкретни предлози за можноста за дијалог“ објави АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека два руски стратешки бомбардери летале над Јапонското Море, во акција што во извештајот на Ројтерс се толкува и како „Руски одговор на посетата на Кишида на Украина“.

Кишида е првиот повоен јапонски лидер кој влезе во воена зона, а поради неговите пацифистички принципи, јапонската поддршка за Украина е ограничена на несмртоносна опрема и хуманитарна помош.

Јапонија досега има доделено повеќе од 7 милијарди долари за Украина и прифати повеќе од 2.000 раселени Украинци и покрај нејзината строга политика за имиграција.