Премиере, зошто всушност дојдовте во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Македонија, и Куманово како дел од Балканот, отсекогаш биле како буре барут. Последниве години и нас не нè одмина опасноста од терористички напади.

Loading...

10987615_450355408475421_6411632929063774265_nСрбија, Босна и Херцеговина и останатите републики во регионот си ги обезбедија своите граници и своите критични точки во државата, а нашите надлежни со скрстени раце гледаат и молчат, како да не се случува ништо иако загинаа 8 припадници на безбедносните сили на 9 мај во Куманово.

Која е поентата од непреземањето мерки за ваквите случувања?

Премиерот очигледно купува време со тоа што се случуваат немири, и гинат припадници на безбедносните сили поради лоша координираност на ДБК и МВР. Плашејќи се од капитулацијата која ја потпиша во Пржино, Груевски е спремен да ги фрли низ вода сите негови поданици за да ја спаси сопствената кожа.

Заслепени од него, некои од членовите сè уште веруваат во култот на непобедливоста.  Верувајќи дека изборите биле добивани на фер и демократски начин, самите тие по изборите во април ќе бидат разочарани од нивниот лидер, кој сите членови на ВМРО-ДПМНЕ би ги сместил во затвор само тој да не заврши таму.

Гледајќи наназад, од почетокот на објавувањето на бомбите па до денес, Груевски најмалку десет пати си го погази својот збор наспроти Зоран Заев кој доследно остана на своето: “Заминување на Груевски и формирање на преодна влада за фер и демократски избори.”

Оттука ги прашувам следбениците на премиерот, како можете сè уште да верувате во човек кој тврдеше дека снимките се најпрвин од странски служби, подоцна од некое жолто комбе, па на крај од ДБК извршено со налог на Верушевски, итн?

Истиот тој ве лаже скоро десет години, истиот тој ве лаже и ќе ве лаже дека вие сте силата, дека вие го избирате него, а не Заев. Истиот тој ве излажа и дека за групата која на 09 септември изврши напад во Куманово не знаеле како влегле на нашата територија. Истиот тој наместо капитални инвестиции во Куманово, не уништи со блокади. Истиот тој не сака да ја реши кризата со вода во Куманово. Истиот тој ги затвори сите бизнисмени кои не му плаќаа арач, ги затвори сите политички неистомисленици, ја затвори А1 телевизија која беше симбол на независното новинарство.

Loading...

Служејќи се со проста пропаганда која ја продуцираат Миленко, Јанко, Латас и останатите мегафони на власта, некако успеваат да го убедат народот, затоа што освен преку електронските медиуми, на ТВ неможеме да слушнеме ништо, ама баш ништо лошо за машинеријата на МВР – ДПМНЕ.

Оние што се критички настроени кон власта добиваат закани, а и ќотек!

Новинарот Саше Ивановски (Политико) беше брутално претепан од непознати сторители, од ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ беше нападнат, и беше удрен од новинарот на СИТЕЛ Александар Спасовски – Сарма. Никому ништо за овие случувања.

Дали доколку Саше удреше некој од наведениве напаѓачи (во самоодбрана) немаше да заврши затвор?

Секако дека ќе завршеше.

Во Македонија доколку сакаш да живееш слободно треба да си МВР-ДПМНЕ, инаку ќе бидеш жртва на истата партија. Април се ближи, доаѓа судбоносниот ден за Македонија. Ќе дозволиме ли уште еден мандат на криминалната банда која ја доведе до дно државата предизвикувајќи невидена миграција на млади образовани луѓе принудени да бараат подобро утре некаде по светот?

Ќе дозволиме ли повторно медиумски мрак кој тивко ја убива критичката маса во државата? Ќе дозволиме ли уште еден претседател кој наместо да биде репрезент на државата и врховен команданд на АРМ, ќе го преспие петгодишниот мандат незнаејќи ништо?

Посетата на премиерот Груевски на Куманово покажа дека тој се плаши од народот. Како дете кое се плаши од малкуте поддржувачи кои го пречекаа, протрча низ Куманово набрзина, колку да му помине редот. Не отиде во т.н Диво насеље, не отиде на преминот Табановце, чисто да види како и кој се грижи за илјадниците бегалци секој ден.

Loading...

Сè на сè, и без тоа, премиерот можеше сиве овие години да пушти некоја пара за детска градинка, за училиште, за да не се срамат оние кои го гласаат.

Вака, треба да знае дека во април нема на што да се надева. И за крај, самите избираме помеѓу слободна, демократска и европска Македонија и потопена во долгови и затруена со црнило кое лебди во воздухот и станува опасно за целиот народ.

Пишува: Мартин Захариев

Портпарол на ЛК на СДММ Куманово


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.