Прелета низ раскрсница, автомобилите се движеа со голема брзина и никого не изгреба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снимката снимена од камерите на раскрсница во Австралија повеќе потсетува на дел од акционен холивудски филм, а вистинско чудо е како возачот успеал да избегне поголема несреќа.

Loading...

Имено, на видеото јасно се гледа како возачот на белата Тојота ја губи контролата над возилото, лета над пешачки остров и влегува меѓу возилата во движење на сообраќајна раскрсница.

 

 

За чудо, тој помина меѓу автомобилите во движење без да погоди ниту еден од нив, а потоа продолжил да вози низ колоните од автомобили во спротивна насока што стоеле на семафорите.

Иако не изгреба ниту други возила, белата Тојота не успеа правилно да застане, но откако прелета низ колоните возила, удри во блиската шипка.

Зад воланот била жена која заедно со помалото дете била примена на преглед по овој инцидент во Кралската болница Дарвин во австралискиот град Дарвин. Дежурните лица во болницата рекле дека се работи за полесни повреди и дека е вистинско чудо што никој освен нив не е повреден.

Loading...