Прекрасни пејсажи во тајмлапс 4К видео за Сараево

Сподели со своите пријатели

Сараево е главен град на Босна и Херцеговина, со 420.000 жители.

Loading...

Овој град е познат по разните религии во него, како Исламска, Православна, Католичка, Јудизам и др. Во 1914 овој град беше нападнат од Првата Светска Војна, а 70 години подоцна беше домаќин на Зимските Олимписки Игри во 1984.

Градот кој во виорот на војната во поранешната СФРЈ беше под постојана воена опсада, беше доволна инспирација за Амир Кулаглиќ да направат тајмлапс видео за кое направиле 3500 фотографии.

Во триминутното видео, може да се видат сцени од тесните улички во стариот град познат како Баш чаршија, Аваз кулата, Катедралата ”Срце Исусово” со биста на папата, Индонезиската џамија, реновиранта градска арена, споменикот на убиените деца за време на воената опсада, Римскиот мост, Големата алеја Илиџа, Академијата на современа уметност како и панорамски поглед од Белата Табија.

Краткиот филм за Сараево е дело на Амир Кулаглиќ кој користел Канон Марк III за тајмлапс со Емотимо ТБ3 и Рино слајдер.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.