Предвидувањето за денешницата од 1983 година – што од тоа се оствари?

Сподели со своите пријатели

Писателот на научна фантастика Исак Асимов во 1983 година бил замолен да предвиди како ќе изгледа светот во 2019 година. Неговите убедувања за идниот изглед на светот се забележани во весникот „Торонто стар“, а многу од нив се покажале како точни.

Loading...

Исак Асимов предвидувал забрзан развој на компјутерите и нивната се почеста употреба. Тогаш рекол дека без компјутери општеството нема да може да ги извршува секојдневните обврски, како и дека секоја куќа ќе има таков предмет.

Писателит на книги за вештачка интелигенција Калум Чејс ги анализирал предвидувањата на Асимов за ВВС и во таа прилика рекол дека компјутерите ќе завладеат со светот, што за тоа време било доста впечатливо.

– Поголемиот дел од директорите во компаниите не корирстеа компјутери во осумдесеттите години, туку нивните секретарки. Печатеа мејлови на хартија и им ги доставуваа да ги читаат. Интернетот беше многу близу, но не можеше да се знае за тоа, потсетува Чејс.

Асимов исто така предвидел дека роботиката ќе го револуционира начинот на кој работиме, како и дека ќе „краде“ административни и фабрички професии, присилувајќи ги луѓето да бараат нови и поинакви планови или дури да живеат „живот богат со слободно време“.

Во светот на образованието предвидел дека децата повеќе нема да имаат потреба од учители, туку дека се што треба да знаат ќе учат од компјутери од дома. Како што тогаш рекол, учителите ќе бидат потребни само да ја „потикнуваат заинтересираноста“. Меѓутоа тоа не се остварило затоа што многу училишта се уште се ослонуваат на методите кои се користат долги години.

– Потребни се уште неколку децении визијата на Асимов да станат реалност. За 30 години машините ќе знаат што секој ученик знае и што треба да научи. Не постои начин луѓето да можат да ја изедначат таа образовна моќ, смета Чејс.

Прва човечка населба на Месечината во 2019 година

Loading...

Во 1983 година, кога ги изнесувал своите убедувања за тогаш далечната 2019 година, Асимов бил помалку прецизен кога се во прашање односите на човештвото со вселената.

Предвидел само дека оваа година ќе има рударски фабрики и соларна електрана на Месечината и дека ќе биде во тек изградбата на првата вселенска населба.

Меѓународната вселенска станица има постојани структури кои кружат околу Земјата, но Месечината се уште не е населена.

Чејс смета дека причините за тоа се повеќе политички отколку технолошки.

– Вселенската трка падна на скалило кога се распадна Советскиот Сојуз. Тоа влијаеше и на Америка, која претходно сметаше дека мора да ги победи Советите од политички и престижни причини. Стана невозможно да добиете буџети преку Конгресот, објаснува Чејс.

Во 2017 година Белата куќа објави планови за враќање на Месечината и изградба на постојани структури за истражување и експериментирање.

Асимов исправно предвидел дека прекумерната популација и загадувањето ќе се зголемат, иако се надевал – прилично оптимистички – дека „напредокот во технологијата до 2019 година ќе ги стави во наши раце алатите кои ќе помогнат да забрзаниот процес на загадување да се промени.

Една работа која Асимов не ја предвидел е вештачката интелигенција, за која Чејс е убеден дека ќе биде клучната технологија за неколку години.

Loading...

Чејс тврди дека во следните 30 години глобалната економија во целост ќе се преобликува.

– Нема да има професионални возачи, нема кол-центри, малопродажбата ќе се промени и ние ќе мора да најдеме нови професии. Ако пронајдеме начин тоа да го направиме економски одржливо, можеме да водиме слободен живот за кој Асимов зборувал, заклучил Чејс.

Leave a Reply