Предвидувања на Бил Гејтс кои излегоа прецизни и точни

Сподели со своите пријатели

Најбогатиот човек на светот уште во 1999 година предвиде многу технолошки напредоци кои во меѓувреме се остварија.

Прочитајте што тогаш најавувал, некогаш не е лесно да се предвиди што ќе се случи утре, а не пак за толку години. Но, Бил Гејтс очигледно знае како се прави тоа. Неговото предвидување на технолошкиот развој и услуги од 1999 година излезе неверојатно прецизно и точно. Прочитајте што предвидел пред 16 години визонерот и најбогатиот човек на светот.

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО: Бил Гејтс повеќе не е најбогатиот човек во светот

Loading...

1. Веб страници за споредба со цени

Вака Бил Гејтс пишувал во 1999 година:

Ќе дојде до развој на автоматизирани споредби на цени кои ќе овозможат луѓето на едно место да видат цени од многу други веб страници, па така да изберат најевтин производ. Независно за каков вид на производ се работи.

Она што го имаме денес: Постојат многу страници за споредување на цени, на Гугл и Амазон можете да најдете различни цени за ист производ.

МИЛИЈАРДЕРСКИ РАЈ: Неверојатни фотографии од имотот на Бил Гејтс (галерија)

2. Мобилните уреди се предвидување на Гејтс: Луѓето ќе одат наоколу со мали уреди кои ќе им овозможат да останат во постојан контакт и електронски да ја вршат работата каде и да се. Ќе можат да читаат вести, да го следат статусот на своите летови кои ги купиле, да следат информации од финансиските пазари и да прават многу други нешта на тие уреди.

Она што го имаме денес: Имаме смартфони кои сето тоа го прават.

Бил Гејтс и како да се потрошат милијардите? Авиони, камиони и уметнички дела!

3. Моменталното плаќање преку интернет, подоброто онлајн здравство се предвидувања на Гејтс: Ќе плаќаме сметки и ќе се грижиме за своите финансии на интернет, а со своите лекари ќе комуницираме онлајн.

Што можеме да видиме денес: Технологијата сепак се уште целосно не го променила здравствениот систем, но во Америка на пример постои веб страна ZocDoc која може да олесни да се најде лекар и да се порачаат лекови. Другото е многу точно, онлајн плаќањето веќе со години е во употреба и едноставно е за користење, како и префрлување на пари онлајн и следење на финансиските пазари и своите сметки.

Каков телефон (не)користи Бил Гејтс?

4. Личните асистенти и интернет нештата се предвидувања на Гејтс: Ќе имаме лични пријатели, асистенти. Тие ќе се поврзуваат и ќе ги синхронизираат нашите уреди на паметен начин, без оглед дали сте дома или на работа и ќе овозможат размена на податоци меѓу уредите. Ќе ги проверуваат вашите меилови и нотификации и ќе го презентираат она што ви треба на вас. Кога ќе одите во продавница со личниот дигитален асистент ќе можете да кажете кој рецепт сакате да го направите, а тој ќе ги излиста намирниците кои треба да ги купите.

Што имаме денес: Најблиску до тој изум е сервисот Google Now, паметна онлајн услуга на смартфоните која следи каде сте и ви помага во сообраќајот и цела лепеза на услуги кои можат да ви асистираат во вашиот избор и потребите. Уредот како Неста ги снима вашите навики и автоматски ја подесува температурата во вашиот дом. Сервисот Бејконс во Америка на корисниците праќа купони од продавниците, според она што инаку го купуваат.

Бил Гејтс симнат од врвот на листата на најбогатите во светот

5. Видео дома е предвидување на Гејтс: Постојан видео пренос од вашиот дом ќе биде нормална појава, па ќе знаете кога некој ќе ви дошол на гости, а вие не сте дома.

Што имаме денес: Надзорните камери веќе со години се во широка употреба. А денес тие се се помали и не толку впечатливи. Паметните камери поврзани со телефони можат лесно да ни пратат слика или видео кога некој ни е пред врата.

Што би направил Бил Гејтс кога би живеел со два долари на ден?!

6. Социјалните мрежи се предвидување на Гејтс: Приватните веб страници за пријатели и семејството со кои ќе можете онлајн да разговарате и да планирате настани, ќе биде редовна работа.

Што имаме денес: Фејсбук и другите социјални мрежи го прават тоа, а социјалните мрежи станаа сеприсутни во животите на многу луѓе.

Неверојатни работи за Бил Гејтс кои сигурно не сте ги знаеле

7. Автоматизирана промо понуда е предвидување на Гејтс: Откако ќе купите некое патување, веб страниците ќе ви нудат препораки а активностите на таа дестинација, а ќе пуштат и се она што би ве интересирало за местото кое ќе го посетите.

Што имаме денес: Страници за патувања како Експедија или Кејака нудат најповолни понуди според вашите претходни патувања. Гугл и Фејсбук ве следат со огласи според вашата локација и интересите.

Бил Гејтс веќе не е најбогатиот човек на планетата

Loading...

8. Спортски дискусии во живо е предвидување на Гејтс: Додека гледате некој спорт на ТВ ќе можете во живо онлајн да разговарате за тоа што се случува на натпреварот, како и да се гласа во анкета кој ќе победи.

Што имаме денес: Безброј спортски страници го нудат ова, а на Твитер масовно се коментира она што се случува на популарните настани во живо.

ШОКАНТНО! Бил Гејтс: Со новите вакцини ќе го намалиме бројот на населението (Видео)

9. Паметно огласување е предвидување на Гејтс: На дигиталните уреди ќе имаме паметно огласување. Гаџетите ќе знаат она што ве интересира и ќе ви прикажуваат огласи кои се скроени според вашите преференци.

Што имаме денес: Повеќето онлајн огласувања така се однесуваат, огласувачите можат да целат корисници според она што го кликаат или покажуваат интерес.

Како навистина живеат децата на најбогатите луѓе во светот и колкаво е нивното наследство? (фото)

10. Линкови на страници за време на пренос на ТВ е предвидување на Гејтс: Телевизиски пренос ќе вклучува и линкови на соодветни веб страници и содржини кои ќе го надополнуваат она што го гледате во моментот.

Што имаме денес: Речиси секој спортски настан го следат линкови на веб страни со повеќе информации. Исто така се објавуваат и Твитер профили на вклучена екипа.

Светот на пат да го добие првиот трилионер

11. Онлајн форумите се предвидување на Гејтс: Граѓаните ќе имаат интернетски форуми на кои ќе можат да разговараат за што ги интересира за нивниот кварт, локалната политика, развојот на градот или безбедноста.

Што имаме денес: Многу страници со вести нудат можност за коментирање на натписи. Исто така, многу страници имаат и форуми за расправи каде граѓаните можат да поставуваат специфични прашања. Твитер и Фејсбук имаа и големо влијание на политичките промени во Либија, Египет и Тунис.

Осум поединци се богати како половина човештво

12. Интернет страниците се предвидување на Гејтс: Онлајн заедниците нема да бидат кроени според локацијата, туку според интересите на корисниците.

Што имаме денес: Постојат страници со разни вести и онлајн заедници фокусирани на поединечни теми и интереси. Многу веб страни нудат специјализирани содржини.

13. Софтвер за водење на проект е предвидување на Гејтс: Проект менаџерите ќе можат онлајн да ја организираат својата работа, да го опишат проектот, да соберат тим, да примат препораки за потенцијалните вработени.

Што имаме денес: Постојат многу софтвери за работни процеси, се револуционизира процесот на регрутирање и основање на тимови, како и начинот на распределба на работата внатре во тимот.

Луѓето кои поседуваат половина од парите во светот

14. Онлајн вработување е предвидување на Гејтс: Тие кои бараат работа ќе можат да ја најдат на интернет пребарувачи каде работните места се нудат според нивните интереси, потреби и вештини.

Што имаме денес: Популарниот Линкедин овозможува на корисниците да ги објават своите автобиографии и да најдат работа според своите интереси и потреби. Можат да пребаруваат и според своите вештини кои ги специјализирале.

15. Бизнис софтвер е предвидување на Гејтс: Фирмите ќе можат да конкурираат за нови деловни проекти онлајн, без оглед дали се работи за градежништво, режија на филм ли огласувачки проект. Големите фирми ќе можат онлајн да рекламираат делови од проекти на други фирми.

Со помош на чипови во мозокот ќе се подобрува памтењето на луѓето

Што имаме денес: Многу деловни софтвери се фокусираат на општествениот спектар и овозможуваат спојување на проекти или подобра комуникација меѓу различни дејносто и фирми.

На следната страница прочитајте за шестте иновации кои според  Бил Гејтс ќе го променат светот

Pages: 1 2