ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО: Чувајте се од убавите Русинки!

Сподели со своите пријатели

Еден египетски весник ги предупредил навивачите на фудбалската репрезентација кои ќе патуваат во Русија на Светското првенство во фудбал следната година да внимаваат на руските жени бидејќи тие бараат само мажи со пари.

Youm7; весник од Каиро, објави дека навивачите треба да се причуваат од убавите Русинки и за тоа да размислуваат веќе додека се пакуваат.

Новинарот ги советува Египќаните да спакуваат што повеќе пари затоа што Русинките тоа го сакаат и бараат. Исто така ги советува навивачите да не ги менуваат своите жени со нив, затоа што Русинките или се многу слаби или премногу дебели.

Ова се најперверзните обожавателки на Владимир Путин (видео)

Loading...

– Тешко дека ќе пронајдете Русинка со просечна тежина, пишува новинарот.

Египет беше популарна дестинација за Русите се додека исламските милитанти не кренаа авион во воздух во октомври 2015 година, кога загинаа 224 лица.

Москва поради тоа го суспендираше авиосообраќајот кон Египет.

Фудбалските навивачи од Египет ќе мора да патуваат со Русија по подолг пат, што секако ќе ги чини и поскапо.