Предлог на ЕК: Помош за Македонија со заем од 100 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Европската комисија предложи да ѝ се обезбеди на Македонија до 100 милиони евра макрофинансиска помош.

Loading...

Со овој предлог, ЕК стои покрај Македонија во тешки времиња, бидејќи по војната меѓу Русија и Украина, надворешната рамнотежа на земјата нагло се влоши поради нејзината голема зависност од увоз на гориво и електрична енергија, се наведува на веб-страницата на Европската Комисијата.

Македонија, исто така, се соочува со големи потреби за отплата на надворешниот долг во 2023 година во контекст на предизвикувачки финансиски услови.

Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени над 70% од гласовите во Македонија: Ова се резултатите!

Предлогот следува по 24-месечната програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ до 530 милиони евра. Помошта доаѓа во форма на заеми, кои би се плаќале на две рати.

Овие две плаќања ќе бидат условени со имплементација на политичките мерки што ќе бидат договорени меѓу Македонија и ЕУ во Меморандумот за разбирање.

Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиката во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватното партнерство, деловното опкружување, транспарентноста на државната помош, енергетската ефикасност, судските реформи и борбата против корупцијата.

Плаќањата би биле условени и со позитивни резултати во спроведувањето на програмите на ММФ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку граѓани гласале до 17 часот во Македонија?

Овие реформи ќе ја поддржат Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, се наведува на веб-страницата на ЕК.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕК стои со жМакедонија во овие предизвикувачки времиња.

„Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, со што ќе придонесеме за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, посочи таа.

Сега останува на Европскиот парламент и на Советот да го разгледа и усвои предлогот за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија.

Откако ќе биде одобрен, предлогот ќе стапи на сила и ќе може да следуваат плаќања, под услов да се исполнат условите кои ќе бидат наведени во Меморандумот за разбирање меѓу Македонија и ЕУ, се наведува на веб-страницата на Европската Комисијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДИК ги обработи скоро сите гласови: Гласале скоро половина од граѓаните!