Предлог-буџетот за 2018 во собраниска процедура

Сподели со своите пријатели

Владата викендов го доставила Предлог-буџетот за 2018 година до Собранието на Република Македонија. Се очекува расправата по него да започне во текот на оваа седмица, како што најави во петокот на средба со новинарите претедателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери кажа дека ќе ја прекине расправата по законот за употреба за јазиците, што продолжи денеска, и оти предност ќе му даде на Предлог-буџетот за 2018 година.

Општ претрес и претрес по амандамните по Предлог-буџетот за 2018 година најнапред води матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Претресот може да трае, според Деловникот за работа на Собранието, најмногу вкупно десет работни дена.

По завршување на претресот, Владата подготвува дополнет предлог со вградување на амандамните со кои се согласила и потребните измени. Овој дополнет предлог се доставува до Собранието кое на пленарна седница може да раправа за него најмногу пет дена.

Освен Предлог-буџетот, до Собранието се доставени и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2018 година, по скратена постапка, како и предлог законите за изменување на законите за задолжителни нафтени деривати и за изменување и дополнување за песоналниот данок на доход.

Извор: МИА

Loading...