Предизвикан да го воскресне Мандела (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Човекот од Јужноафриканската Република познат како пастор Мборо, се спротивстави на „колегата“ Алф Лукаку поради, како што тврди, срамотењето на христијанството. Го повика, ако навистина има моќи да крева мртви луѓе, заедно да одат до гробот на Нелсон Мандела, за да го сторат истото.

Loading...

Мборо кој го предизвика Лукаку да го воскресне Мандела инаку е лидер на „Црквата на наверојатни случувања“ со седиште во близина на Јоханезбург. Мборо веројатно бил испровоциран од видео снимката која го прикажува Алф Лукаку како наводно успева да воскресне мртовец. Видеото е исмевано и бргу се прошири на социјалните мрежи.

– Не сум тука да се борам со некого, тука сум да добијам одговори од мојот брат кој е во Господ. Ако е вистина дека си воскреснал човек, тогаш да одиме на гробот на Мандела и да го сториме истото, рекол Мборо пред црквата на Лукаку.

И самиот Мборо неодамна беше исмеван на интернет откако објави фотографии за кои рекол дека ги снимил „на небесите“ со својот смартфон.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамофоса реагираше со изјава дека властите треба да ги огрнаичан верските пракси.

– Не сакаме да се мешаме во верските убедувања на луѓето, но треба да се реагира за тоа како да се избориме со измамите, рекол Рамафоса.

Претставници на три погребни компании наведоа дека од црквата на пастор Лукаку се изманипулирани и дека преземаат правни чекори поради, како што велат, штетата нанесена на нивната репутација.

Leave a Reply