Пред болница во Шпанија одеднаш паднале 200 мртви птици (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пред болница во Шпанија, во петокот на улица паднале околу двесте мртви врапчиња.

Loading...

Околу 200 птици паднале „како дожд“ од небото во близина на болницата во Ферол во северозападна Шпанија, објавија локалните медиуми.

Птиците паѓале врз патот, автомобили, па дури и луѓе, но немало повредени.

 

 

„Тие летаа од дрвјата до амбулантата, полетаа неколку метри и потоа паднаа мртви на земја. Властите ги собраа мртвите птици и ги испратија на анализа. Сега ги чекаме резултатите”, вели Мапи Родригез, претседател на локалното здружение на граѓани, за Билд.

Умреле од струен удар?

Loading...

Резултатите од прелиминарната анализа укажуваат дека причина за смртта на птиците може да биде струјата.

Имено, овој вид птици летаат многу блиску една до друга, а доколку некоја од нив наиде на електричен кабел, лесно може да пренесе струен удар на другите птици од групата, пишува Spanishnewstoday.

Но, за да ја дознаеме точната причина за смртта на овие птици, треба да ги почекаме официјалните резултати од анализата.