Пред 32 години им го киднапирале синот: Спасиле 29 исчезнати деца, а потоа го пронашле и него

Сподели со своите пријатели

Ли Јинџи по 32 години пребарување, го пронашла киднапираниот син, а во меѓувреме спасила уште 29 деца. Имено, Мао бил киднапиран кога имал само две години.

Loading...

Татко му го водел од градинка кога момчето било киднапирано во 1988 година. Тие биле близу до влезот во хотелот во провинцијата Шанкси кога таткото на Мао погледнал настрана само неколку секунди, но тоа  било доволно за некој да го зграби и да го однесе.

Го киднапирале како бебе и го вратиле во погрешно семејство, по 55 години ја дознал целата вистина (ВИДЕО)

Неговата мајка Ли ја напуштила работата за да може цело време да го посвети на пронаоѓање на нејзиниот исчезнат син. Во потрага по Мао, таа испратила повеќе од 100.000 летоци и ја раскажала својата приказна за безброј национални ТВ програми.

Според CCTV, Мао еднаш дури и ја видел Ли како зборува на телевизија за нејзиниот исчезнат син, но не сфатил дека тој е момчето што го барала.

Во меѓувреме, Ли исто така започнала да волонтира во група наречена „Бебињата се враќаат дома“, која собира информации за исчезнати деца и им помага на семејствата да ги најдат своите деца. Додека волонтирала таму, таа вратила дури 29 деца во нивните семејства.

На најбогатиот човек во светот во 1970 му го киднапирале внукот, тој одбил да плати, а еве и зошто (видео)

Кон крајот на април, тие добиле информации дека еден човек купил момче во нивната провинција кон крајот на 80-тите години. Полицијата користела технологија за препознавање на лицето во фотографијата на Мао како бебе и открила како тој треба да изгледа како возрасен.

Loading...

Во градот Мијанјанг пронапле маж што личи на нивната симулирана фотографија, а откако извршиле ДНК-тест, станало јасно дека Мао е навистина изгубениот син што Ли Јинџи го барала цели 32 години. Ли и Мао Јиџинг ја добиле неверојатната вест токму на денот на мајката.

Мао, преименуван во Гу Нининг од неговите посвоители, никогаш не знаел ништо за неговите биолошки родители, а сега откри како планира да се пресели и да живее со нив и покрај тоа што поседува компанија која се занимава со уредување на домови во Сечуан.

НЕ НАПРАВИЛ ПАТИШТА: Го врзале градоначалникот за камион и го влечеле по улица (ВИДЕО)

Се чини дека ова семејство конечно го доби среќниот крај што го бараше повеќе од три децении, пишува Bored Panda.

Leave a Reply