Пред 30 години тврдел дека видел летечки чинии во тајна американска база, сега открива нови детали

Сподели со своите пријатели

Роберт Скот Лазар, попознат како Боб Лазар, стекнал светска популарност во 1989 година кога изјавил дека во периодот од 1988 до 1989 година, во американската воена база „Област 51“ анализирал неидентификувани летечки чинии и работел на таен владин проект за развој на вселенска технологија инспирирана од летечките чинии.

Loading...

Тогаш изнел шпекулации дека во тајниот објект во пустината Невада има повеќе НЛО, кои се анализираат по налог на американската Влада.

Триесет години подоцна изнел нови спектакуларни детали за истата тема во документарниот филм на режисерот Џереми Корбел под насловот „Боб Лазар: Област 51 и летечки чинии“.

На прашањето дали за време на работата на проектот видел вонземјани, Лазар одговорил:

– Еднаш погледнав низ прозорецот и мислам дека тие луѓе имаа кукла во мала столица, наликува на оние какви што веројатно постојат во леталата. Мислам дека само анализираа димензии, само фрлив поглед. Не верувам дека тоа беше вонземјанин, но сето тоа го видов во дел од секунда, рекол тој.

Минатата недела Корбел и Лазар присуствувале на премиерата на филмот во хотелот „Ејс“ во Лос Анџелс.

– Мојот филм објаснува кој всушност е Боб Лазар, па со самото тоа е потешко туку така да ги отфрлите неговите тврдења. Колку подобро го запознавате, повеќе се соочувате со непријатната можност дека ви ја зборува вистината. Проверете ги доказите, погледнете го мојот филм и одлучете сами, рекол Корбел.

https://www.instagram.com/p/BqXKPZOF7Uh/

Leave a Reply