ПРЕЦИЗНА ЉУБОВНА ФОРМУЛА: Кои се вашите идеални години за брак?

Сподели со своите пријатели

Ако не сте сигурни кога е време за брак, повикајте ја математиката на помош.

Loading...

Австралискиот математичар професор Ентони Дули ја „откри“ формулата за пресметување на идеалните години за брак.

Потребни се само годините кога момчето или девојката првпат почнале да размислуваат за брак и годините што ги поставуваат како горна граница за брак.

 

 

– Користењето математика во љубовните работи е малку опасно. Во животот наидуваме на силни емоции и треба добро да размислуваме. Но, ако сакате да го пресметате вистинскиот момент кога е време за сериозност, тоа може да ви го каже математичката формула – смета овој професор по математика од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, пишува „Дејли мејл“.

Како да се пресмета

Loading...
  1. Изберете ги годините кои се горната граница за брак, на пр. 39 и тие години означете ги како „n“.

 

  1. Определете ги годините кога сте почнале посериозно да размислувате за бракот, на пр. 20 и таа година означете ја како „p“.

 

  1. Одземете „n“ од „p“ (39-20) и множете со 0,368 (19×0,368 е 6,992)

 

  1. Соберете 6.992 со „п“ и ќе го добиете конечниот резултат дека 27 е оптимално време за брак.

 

 

Формулата се заснова на статистичка техника позната како „оптимална пауза“ или „најдобро време да се направи нешто“.

Оваа формула ја користел и колегата на професорот Дули, професорот Брус Браун за да го реши неговиот брачен статус.

Loading...

– Оние кои го поминале оптималниот рок за брак, не треба да паничат, туку да ја запросат девојката со која моментално се во врска или девојките да ја прифатат понудата на првиот додворувач – советува Браун.

Тој додава дека формулата може да се примени за да се избегне бурмата.