Преброени сите гласови во Старо Нагоричане: Жаклина Јовановска победи

Сподели со своите пријатели

Жаклина Јовановска од СДСМ победи на изборите во општината Старо Нагоричане и најверојатно таму нема да има втор круг со што таа ќе стане старо-новата градоначалничка.

Loading...

Таа вчера на локалните избори освоила најмногу гласови од тројцата кандидати. За неа гласале 949 граѓани или 49,56 отсто од вкупниот број избирачи. Зад неа со 510 гласови е Власте Димковиќ од ТМРО кој освоил поддршка од 26,63 отсто од гласачите.

Најмалку гласови во оваа општина освоил Велибор Денковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. За него вчера гласале 383 граѓани или 20 отсто.

 

 

Откако Државната изборна комисија ги обработи сите гласови во оваа рурална општина, може да се заклучи дека своето избирачко право го оставариле 58,71 отсто од гласачите или 1.915 лица од вкупно 3.262 со право на глас.

Неважечки се само 73 ливчиња.

Loading...

 

 

СДСМ ќе го има мнозинството членови во советот на општината. Односно освоиле вкупно 755 гласови, или 39,43 отсто од вкупниот број избирачи гласале за советничката листа предводена од Бобан Цветановски.

Следува ТМРО со 383 гласови односно 20 отсто за листата чиј носител е Мартин Стефановски.

Листата кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Драган Спасиќ освоила 298 гласови или 15,56 отсто.

 

Loading...

 

Следуваат Граѓанската иницијатива на Бојан Трајковски со 8,62 отсто од гласовите, Единствена Македонија со 4,54 проценти, Левица со 3,45 и Интегра со 2,82 отсто.

107 од вкупниот број избирачки ливчиња за советници биле неважечки.

Гласањето во оваа општина вчера се одвиваше на 38 избирачки места.

Никола Ивановски