Пребирливите немаат проблеми со желудникот, туку со ставот!

Сподели со своите пријатели

Многумина ќе ги обвинат карактерот или генетиката за нивната одбивност кон одредена храна, но нутриционистот Френк Бруни вели дека сè може да се промени со постепено изложување на таа храна.

Loading...

Желудникот ви се крева од некоја храна, некои зачини имаат вкус на сапун или едноставно не можете да замислите да јадете печурки. Сè е во вашата глава, тврдат научниците.

Сепак, тој објаснува како некои преференции во исхраната се дадени и својствени за повеќето луѓе – и тоа е одбивност кон горчливите и непознати зачини и зеленчук, претежно храна што не расте во нивната клима.

Растенијата произведуваат горчлив вкус за да ги одбијат предаторите, а луѓето развиле чувство на одбивност кон тој вкус како еден вид заштитен механизам. Но, ако еволуцијата сепак имала толку силно влијание врз луѓето, тогаш никој не би јадел кељ, карфиол и слична храна, објаснува Бруни.

Во неговите тврдења тој се повикува на американско истражување од 80-тите, според кое главната причина зошто некој ќе јаде одредена храна или ќе ја одбие, зависи исклучиво од ставот.

„Кој е поотворен и претпочита да експериментира, тој ќе проба и ќе сака повеќе видови храна, додека оние што се пребирливи во главата ќе ја соберат приказната дека едноставно не можат да ја јадат“, истакнува Бруни.

Како пример, тој наведува маслинки и остриги кои многумина не сакаат да ги јадат, особено кога се мали, но до зрелоста се наоѓаат во неколку ситуации во кои се јаде токму таа храна, па затоа попуштаат под притисок и повремено јадат во друштво.

Колку им станува познат вкусот, толку повеќе им се допаѓа, објаснува Бруни.

Loading...

Leave a Reply