Правни и физички лица и јавни претпријатија од Куманово на новата „црна листа“ на УЈП

Сподели со своите пријатели

Поголем број физички, правни лица и јавни претпријатија од Куманово се најдоа на најновата „црна листа“ на Управата за јавни приходи. Нивните долгови се доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Loading...

Од јавните прептријатија лидер е „Чистота и Зеленило“ чиј што долг изнесува 47,7 милиони денари, односно нешто над 770.000 евра.

Од правните лица, 318 илјади евра изнесува вкупниот долг на „Жито Фарм“, 11,6 милиони денари должи „Астроида Параскева“, а околу два милиони денари помалку или 150.000 евра е долгот кој кон Управата за јавни приходи го има „Флутинг Сервис“ од Куманово.

Скоро девет милиони денари должи и компанијата „Флутинг М“, 4,5 милиони денари должи „КОРП Пројект“, а 6 милиони денари е долгот на компанијата „Простор“.

Од физички лица рекорден долг претходно имаше Бајруш Сејдиу. Неговото име се уште се наоѓа на листата, но ја нема сумата која ја должи, бидејќи од УЈП не ја навеле во извештајот. Тој на државата според претходниот извештај и должеше околу 1,8 милиони евра. Нешто над 345 илјади евра е долгот на Моме Ристовски, додека над 300.000 евра изнесува и долгот на физичкото лице Мартин Ѓоргиевски.

Вкупните побарувања на државно ниво, од страна на Управата за јавни приходи изнесуваат над 10 милијарди денари, кој го имаат вкупно 2.140 правни и 2.370 физички лица.

На „црната листа“ на УЈП се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност чиј што долг е над 120.000 денари и правни лица со долг поголем од 300.000 денари.

Leave a Reply