Прават пиво од квасец стар 133 години

Сподели со своите пријатели

Шише пиво, пронајдено во остатоци од брод стари 133 години, би можела да содржи квасец кој би можел да се искористи за изработа на нов вид на пиво.

Loading...

Студенти по биотехнологија од државниот Универзитет Њујорк во Коблескил отвориле шише пиво пронајдено во остатоците од бродот „СС Орегон“, и притоа виделе дека состојките се неискористени.

Компанијата „Serious Brewing“ од Хаус Кејв планира да развие рецепт за нов вид пиво, ако студентите од него успешно го екстрахираат квасецот.

Шишето пиво од сопственикот на предметите пронајдени на бродот го купил Бил Фелтер од компанијата „Serious Brewing“.

Бродот патувал од англиски Ливерпул кон Њујорк со 852 патници кога на 14 март 1886 година се судрил со едрилица во близина на острофот Фајер и потонал. Сите освен еден патник преживеале.

На идејата за производство на нов вид пиво во компанијата „Serious Brewing“ дошле откако минатата година една австрлаиска пивара произвела пиво од квасец откриен во шише пронајдено во 220 години стари остатоци од брод.

Leave a Reply