Пратка вредна 87 милиони евра, полициско куче откри 730 килограми хеорин

Сподели со своите пријатели

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, најголема количина хероин запленета во словенечката историја.

Loading...

Пратката, чијашто улична вредност е проценета до 87 милиони евра, била упатена до компанија во Будимпешта и била скриена во контејнер со 437 ролни полиетиленска фолија, а откриена од полициско куче, соопшти полицијата.

Полицијата открила 1.421 пакувања хероин, со тежина од 730 килограми, што е најголема количина на оваа опасна дрога во Словенија во последните 30 години.

Словенечките власти веднаш ги известиле своите унгарски колеги и тогаш било откриено дека криминална група од Унгарија организирала транспорт на контејнер со лекови од Иран, наменети за унгарска компанија.

Анализата на дрогата открила дека станува збор за хероин со висока чистота, мешавина од 70 проценти чист хероин, што би можела да чини меѓу 65 и 87 милиони евра по цени на улиците во Европа.

Во координација со унгарската полиција, донесена е одлука за „контролирана пратка“, што значи дека на дел од пакетот е дозволено да го заврши циклусот на испраќање или да пристигне на дестинацијата.

Пратката пристигнала во Унгарија на 5 ноември, каде ја зел 47-годишен маж и ја однел во склад изнајмен на негово име.

Мажот, наводно, бил уапсен и биле пронајдени околу 90.000 евра во неговиот дом.

Loading...

Засега не е познато дали уапсениот дејствувал сам, но се претпоставува дека тој бил само еден од групата на организиран криминал.

Полицијата исто така соопшти дека се поголем број граѓани тргуваат со наркотици – хероин од Турција и кокаин од Јужна Америка.

Leave a Reply