Познати финалистите за Евровизија 2015 (видео)

Сподели со своите пријатели

Откако беа одбрани првите 10 финалисти во првата полуфинална вечер во вторникот, вчера се одржа и втората полуфинална вечер во чии рамки се натпреваруваа 17 земји и тоа: Литванија, Ирска, Сан Марино, Црна Гора, Малта, Норвешка, Португалија, Република Чешка, Израел, Летонија, Азербејџан, Исланд, Шведска, Швајцарија, Кипар, Словенија и Полска.

Loading...

Како што е познато, само 10 од овие земји ќе имаат можност да се натпреваруваат во финале, така што збирот од гласовите на публиката и стучното жири одлучи тоа да бидат: Литванија, Полска, Словенија, Шведска, Норвешка, Црна Гора, Кипар, Азербејџан, Летонија и Израел.

Имајќи предвид дека во вторникот пласман за финале обезбедија Србија, Албанија и Грција, а вчера и Црна Гора и Словенија, Македонија е единствената земја од регионот којашто годинава не успеа да се квалификува за финалната вечер.

Редоследот на настапи Ве очекува во продолжение, a погледнете и како ќе изгледаат настапите на претставниците на земјите од „големата петка“, Австрија и Австралија.

  1. Словенија (Мараја – Here For You)
  2. Франција (Лиса Анжел – N’oubliez pas)
  3. Израел (Надав Геџ – Golden Boy)
  4. Eстонија (Елина Борн и Стиг Раста – Goodbye to Yesterday)
  5. Обединетото Кралствo (Електро велвет – Still In Love With You)
  6. Ерменија (Џенеалоџи – Face The Shadow)
  7. Литванија (Моника Линките и Вајдас Баумила – This Time)
  8. Србија (Бојана Стаменов – Beauty Never Lies)
  9. Норвешка (Кјетил Морлан и Дебра Скарлет – Monster Like Me)
  10. Шведска (Монс Зелмерлоу – Heroes)
  11. Кипар (Џанис Карагианис – One Thing I Should Have Done)
  12. Австралија (Гај Себастијан – Tonight Again)
  13. Белгија (Лоик Ноте – Rhythm Inside)
  14. Австрија (Мејкмејкс – I Am Yours)
  15. Грција (Марија Елена Киријаку – One Last Breath)
  16. Црна Гора (Кнез – Адио)
  17. Германија (Ан Софи – Black Smoke)
  18. Полска (Моника Кушинска – In The Name of Love)
  19. Летонија (Амината – Love Injected)
  20. Романија (Волтаж – De la capat)
  21. Шпанија (Едурне – Amanecer)
  22. Унгарија (Боги – Wars For Nothing)
  23. Грузија (Нина Сублати – Warrior)
  24. Азербејџан (Елнур Хусејнов – Hour of The Wolf)
  25. Русија (Полина Гагарина – A Million Voices)
  26. Албанија (Елајда Дани – I’m Alive)
  27. Италија (Ил воло – Grande amore)

Извор:Факултети.мк


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *