Познат спортски брачен пар страдаше во земјотресот во Турција

Сподели со своите пријатели

Тажни вести пристигнуваат секој час од Турција и Сирија, каде во разорната серија земјотреси веќе загинаа повеќе од 5.000 луѓе, а бројот на жртви постојано расте.

Loading...

Трагедијата го зафати и светот на спортот, па под урнатините останаа голманот на Малатија, Ахмет Ејуп Туркаслан, како и спортскиот директор на Хатај, Танер Савут.

За среќа, Кристијан Ацу бил извлечен жив, а Барис Башдаш се спасил скокајќи од прозорецот по првиот потрес.

Се бараат и одбојкарите на Хатај, а сега пристигна уште една крајно тажна вест.

Имено, под урнатините се пронајдени телата на одбојкарската брачна двојка Бетул Чобан Чакир и Бедретина Чакира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕСЕКОЈДНЕВНА СЦЕНА: Еве како изгледа кога сте под вода додека има земјотрес! (ВИДЕО)

Бетул имала 27 години и играла за тимот на Меринос, а нејзиниот сопруг (29 години) исто така бил одбојкар, кој своевремено играл во Халкбанк.

Оваа информација ја растажи целата турска спортска јавност.

 

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.