Пожарот во Шпанија голта сепред себе, евакуирани илјадници луѓе (видео)

Сподели со своите пријатели

Стотина пожарникари и луѓе се борат да го совладаат големиот шумскипожар кој го зафати природниот парк Донана на југозападот на Шпанија, а евакуирани се над 1.800 лица.

Како пренесуваат странските медиуми, во недела билемобилизирани дури 550 пожаникари, додека итните служби навеле дека 23 авиони и хеликоптери се ангажирани против огнената стихија.

Борбата со големиот пожар ја отежнуваат ветерот и топлото време, изјавил портпаролот на Службата за гаснење пожари.

Пожарот кој зибил во сабота навечер на подрачјето на Могеур, на југозападот на Шпанија, ги преминал и границите на природниот парк Донана, резерват под заштита на УНЕСКО.

Според пошувањето на шпанските медиуми, Центарот за одгледување рисови во паркот морал исто така да биде евакуиран заедно со животните кои во него се наоѓале.

https://youtu.be/l2qTUyNHvIA

Loading...