Пожарникарите вчера во два наврати гаснеле опожарена сува трева

Сподели со своите пријатели

Во два одделни случаи во текот на вчерашниот ден припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале на запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била во атарот на селото Кшање, каде тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева со едно возило во период од 12 до 16:50 часот.

Втората исто така била на запалена сува трева, но на улицата „Лесковачка“ во населбата Гоце Делчев. Таму интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило, а за кратко време го локализирале огднот. Интервенцијата траела од 14:15 до 14:55 часот.

Засега причините за избувнување на огнот не е позната.