Пожарникарите спречиле поголем пожар на депонијата во Никуштак

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден кумановските пожарникари спречиле ширење на поголем пожар на депонијата во селото Никуштак, каде горел смет и нискостеблеста шума, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Припадниците на теријторијалната противпожарна единица Куманово во текот на денот добиле повик за гаснење на отпад и сува трева и нискостелбеста шума околу депонијата во селото. Петте пожарникари со две противпожарни возила успеале да го изгаснат огнот и да спречат негово проширување на околните села, но поради обемот на отпадот самата депонија било невозможно да се изгасне целосно.

Како што информира командирот на ТТПЕ Куманово, фирмата која има концесија за одржување на депонијата треба да интервенира со тешка механизација и да подкопа околу самата депонија за да во иднина огнот не се проширува.

 

Loading...