Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат три интервенции во текот на вчерашниот ден, од кои две се на запалена сува трева и една техничка интервенција, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во населбата Перо Чичо место викано „Стари лојза“ пожарниакрите интервенирале на запаела сува трева во периодот од 11:10 до 12:30 часот со едно противпожарно возило и четири пожарникари.
Втората интервенција е од технички карактер, кога пожарникарите во периодот од 11:30 до 14:25 го извлекувале телото на шестгодишното дете кое вчера го загуби животот во лифт на булеварот „Трета МУБ“.
Третата интерција е исто така на запалена сува трева во населбата Перо Чичо во месноста „Стари Лојза“, каде е интервенирано во перидот од од 17:10 до 17:30 часот со едно противпожарно возило и четири пожарникари.