Пожарникарите интервенирале на запалена сува трева во с.Пчиња и барака на ул.Тоде Мендол

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во последните в4 часа пожарникарите интервенирале на две локации.

Loading...

Најпрвина во четврток навечер од 20:45 до 22:30 часот интервенција е забележана на 4 пожарникари со едно возила на запалена сува трева во с. Пчиња кај местото викано Ристово Трло на непозната површина.

Втората интервенција се случила вчера во утринските часови опд 9:35 до 10:30 со 1 ПП возило и 4 пожарниари кога поради дотраена електрична инсталација се запалила барака на улицата Тоде Мендол.

Нема податоци за настаната поголема материјална штета, ниту пак за активни пожари во овој момент.