Пожарникарите интервенираа при пожар на улица Ѓуро Ѓаковиќ

Сподели со своите пријатели

Екипите на ТППЕ Куманово во текот на изминатиот ден бележат една интервенција во домен на нивното работење, известуваат од Регионалниот  центар за управување со кризи.

Loading...

Имено, станува збор за интервенција на запалено ѓубриште на напуштена куќа на ул. Ѓуро Ѓаковиќ во периодот од пет до 20 часот навечер.

Пожарот е ставен под контрола со едно ПП возило и петмина пожарникари, а причината за пожарот засега е непозната. Нема материјална штета.