Пожарникарите ги извлекувале повредените од вчерашната сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележат шест интервенции во доменот на своето работење, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Интервенцијата бележат и од технички карактер и тоа на интервенција на автопатот Куманово – Скопје близу наплатната рампа во периодот од 14,17­ до 14,35 каде имало една сообракајка, каде товарно возило камион со српски национални ознаки и џип БМВ со бугарска регистрација се удриле каде имало две лица повредени полесно. Пожарникарите учествувале со едно возило и пет пожарникари при зивлекување на телата на повредените.

Првата интервенција ја имале во 7:30 часот кога испумпувале вода од поплавен подрум на улицата „Доне Божинов“. Причина за поплавување на подрумот била пукната цевка. Па еден пожарникар со едно возило ја испумпувал до 10 часот.

Нешто подоцна, односно во 12:50 часот добиле пријава за запалена сува трева во месноста Шами цеви, каде тројца пожарникари и едно возило гаснеле пожар до 14 часот.

Запалена сува трева гаснеле и во кругот на воениот магацин во Горно Којнаре и тоа во период од 15:35 и 15:40. Во интервенцијата учествувале тројца пожарникари со едно возило.

Во период од 15:45 до 18:30 запалена сува трева, тројца пожарникари со едно возило гаснеле кај Агино село.

 

Loading...