Пожарникарите гаснеле пожар во с. Градиште

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден припадниците на Територијалната против пожарна единица Куманово интервенирале на запалено стрниште во с. Градиште.

Пожарот бил пријавен во 17:20 часот, а под контрола бил ставен во 19:50 часот по интервенцијата на тројца пожарникари со едно против пожарно возило.

Причините, како и големината на опожарената површина засега не се познати, но нема значителна материјална штета, стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.