Пожарникарите гаснеа пожар во близина на Диво Насеље

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатите 24 часа, екипата на ТППЕ Куманово бележи  две  интервенции и тоа во атарот на с. Лопате, кога во 13:25 часот бил пријавен пожар предизвикан од  опожарена  житарица  на површина од 7 декари. Во тричасовното гасење на пожарот  учествувале  петмина пожарникари  со  едно  ПП  возило.

Loading...

Причината за пожарот  и  материјална  штета  се непознати.

Втората  интервенција  на ТППЕ Куманово е регистрирана во м.в Говедарски Пат –  Диво  Насеље на   запалена  сува  трева на површина  околу 2000 м2.

Пожарникарите според РЦУК во гаснење на пожарот учествувале со едно ПП возило и тројца пожарникари.