Пожар во семејна куќа во Куманово, гром опожари броило на друг дом

Сподели со своите пријатели

Во семеен дом лоциран на улицата „Максим Горки“ вчера избувнал пожар, при што настрадал ламинатот во едната соба.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот избувнал околу 11 часот вчера, при што на терен веднаш излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило. Околу 12:25 часот огнот бил изгаснат.

Причината за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Во семеен дом во село Лопате, гром опожари електрично броило.

– Втората интервенција на кумановските пожарникари е на опожарено елептрично броило на семејна куќа при електрично празнење – удар од гром, во село Лопате, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Петмина пожарникари од ТППЕ Куманово го гаснеле огнот во период од 17:20 до 18:00 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply