Пожар во селото Орашац два дена ги мачи кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Два дена кумановските пожарникари се мачат со гаснење на пожар во атарот на селото Орашац.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, горат сува трева, лозја и нискостеблеста шума.

Вчера интервенирале деветмина пожарникари од ТППЕ Куманово со две противпожарни возила. Пожарот бил гаснат во период од 15:15 до 03:45 часот по полноќ, но истиот е се уште активен.

Две екипи рано утринава продолжуваат со интервенција на истата локација.

Leave a Reply