Пожар во с. Матејче на надморска височина од 1370 метри

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, припадниците на Територијалната против пожарна единица Куманово во изминатите 24 часа бележат неколку интервенции.

Loading...

Првата интервенција се случила вчера кога во 13:20 пожарникарите добиле повик да интервенираат на пожар во селото Лопате. Пожарот е изгаснат за неполн час, а станувало збор за запалена сува трева и стрниште со површина од 2 хектари. Причината за пожарот и големината на материјалната штета не се познати.

Само 20 минути по првиот повик, во 13:30 часот од страна на полицајци во с. Матејче бил пријавен пожар во селото кај местото викано Вуксан кое се наоѓа на 1370 метри надморска весочина. За состојбата веднаш биле известени припадниците на ЈП Шумско Стопанство, ТТПЕ, Дирекцијата за заштита и спасување, како и ЈП Ваид. Пожарот го гаснеле 12 вработени во ЈП Ваид, како и жители на селото и се уште се работи на локализирање на пожарот. На помош заминала и екипа од ТТПЕ, но поради непристапноста на теренот тие не биле во можност да дејствуваат и веднаш се повлекле.