Пожар во кумановскиот затвор, еден полицаец хоспитализиран

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера избувнал во Казнено-поправната установа Куманово во селото К’шање при што била опожарена една порсторија.

Loading...

Премина пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 12:07 до 13:20 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според директорот на затворот Ненад Цветковиќ, во пожарот нема повредени осуденици, но хоспитализиран е еден полицаец.

– Веднаш е информирана противпожарната единица, полицијата, како и социјален работник, бидејќи лицето сместено во притворското одделение е малолетно. При извлекување на притворените од соседните соби еден полицаец од затворот е хоспитализиран поради задушување. Нема повредени осуденици. Пожарот е изгаснат, изјави директорот на затвор Кшање, Ненад Цветковиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Причината за пожарот и висината на материјалната штета допрва се утврдуваат.

Инцидентот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Никола Ивановски