Пожар во канцеларијата на Црвен крст Куманово

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на Општинската организација на Црвениот Крст од Куманово вчера била зафатена од пожар во кој нема повредни, но е причинета материјална штета.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи вчера во период од 08:30 до 08:40 часот петмина пожарникари интервенирале во канцеларијата лоцирана на улицата „11 Октомври“ во Куманово.

Причините за избувнување на пожарот засега се непознати.

Leave a Reply