Пожар во фабрика во населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во теот на вчерашниот ден интервенирале на четири локации, од кои три на запалена сува трева, но и една посериозна кога пожар избувнал во фабрика за картонажа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Имено околу 14:25 часот во текот на вчерашниот ден, седумина пожарникари со три цистерни со часови го гаснеле пожарот во фабрика за картонажа во населбата Карпош. Интервенцијата завршила во 17:50 часот, а причинета била поголема материјална штета на објектот.

Останатите три интервенции се на запалена сува трева, од кои една исто така во населбата Карпош, кога во период од 19:50 до 20:25 интервенцирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Сува трева четрворица пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле и на граничниот премин Табановце и тоа во пероиод од 13:15 до 14:40 часот.

Запалена сува трева имало и кај месноста Серава, каде тројца пожарникари интервенирале со едно возило во локализирање на огнот.

 

Loading...