Пожар во центарот на Куманово: „Житомел“ повторно во пламен (галерија)

Сподели со своите пријатели

Огнени јазици денеска десетина минути пред 17 часот го зафатија објектот на поранешната фабрика за леб и бели пецива „Житомел“ лоцирана во центарот на Куманово на улицата „Доне Божинов“.

 

Loading...

13479795_1194360147249325_1631817289_n

 

Пламен и облаци чад излегуваат од самиот објект, а пипадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово со две противпожарни возила се излезени на терен и интервенцијата се уште трае.

 

13479777_1194360773915929_72157890_n

 

Во непосредна близина веднаш зад фабриката се наоѓа ООУ „11ти Октомври“, но и подрачните оделенија на Агенцијата за вработување и Центарот за социјални работи, како и повеќе други објекти.

 

13487470_1194359733916033_1699296320_n

 

Loading...

Инаку ова не е прв пат да избувне пожар во објектите на оваа поранешна фирма кои се во стечај откако нивниот поранешен сопственик Бајруш Сејдиу беше осуден на казна затвор со што фирмите се затворија и со нивниот имот царуваат бездомници.

 

13487876_1194359520582721_88282812_n